МУЦУНСКИ: Олабавувањето на мерките не треба да бидат изговор за одење на избори, сите анкети велат дека 75% од граѓаните не сакаат брзи прламентарни избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите анкети покажуваат дека 75% од граѓаните велат дека во Македонија не треба да има брри парламентарни избори, првеснтвено затоа што луѓето се уште се исплашени комотно да излезат од своите домови а камо ли да да дојдат и да гласаат на избори, смета кандидатот за претеник на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Тој во емисијата “Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека олабавувањето на мерките против ширењето на корона вирYсот, не треба да служат како изговор за одење на брзи избори, затоа што за разлика од некои земји во регионот во кои има намалување или пак нема воопшто нови заболeни од Ковид-19, кај нас сеуште имам висок број на ново зaразени но и на пoчинaти лица.

– Олабавувањето на мерките не треба да служат како изговор за одење на парламентарни избори, да не кажам утре. Практично, ние за три четири дена да ја започнеме кампањата. И реално, кога ќе ги прашаме граѓаните, сите анкети кажуваат дека 75% од нашите граѓани велат дека не треба да има брзи избори. Доколку ние успееме да постигнеме консензус за нешто што кај граѓаните, условно ќе се толкува како брзо, ние тие 75% треба да ги убедиме дека сме создале соодветни протоколи за да има поголема излезност, рече Муцински.

Тој појасни дека се уште не гледа убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници но и да учествуваат во настаните на политичките партии, бидејќи изборите не се само денот на гласање, туку дека тие се комплексен процес.

– Јас не гледам сеуште убедување кај граѓаните дека тие се подготвени да бидат во контакт со кандидатите за пратеници, да учествуваат на настани од политичките партии, бидејќи ние изборите не треба да ги толкуваме само како изборниот ден, ние мора да го толкуваме како процес на претставување на кандидати, на процес на платформи. Не можеме ние да имаме Фејсбук Влада, избрана преку Фејзбук парламентарни избори, додаде Муцински.

Мора да обезбедиме, вели Муцински, минимални нормални услови за да допре политичката порака, бидејќи во оваа кампања имаме потални спротиставени политички гледишта за тоа како треба да движи државата напред.

– А јас искрено, посакувам што побрзо да имаме функционален парламентарен состав, кој ќе има контрола врз Владата. И тој парламентарен состав ќе има обврска да направи ревизија на се ова што се случувало во овој период на вонредна состојба, децидно вели Муцински.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This