Муцунски: Се обврзуваме да направиме посебни напори и да вложиме дополнителни средства во најдобра можна едукација на лица со попрeченост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имав прилика денеска да им ја посочам дел од проектите кои ги предвидуваме со обновата на Здружението на глуви и нaглуви лица на град Скопје.

На ранливите групи на луѓе со попрeченост им е потребно посебно внимание, за олеснет пристап во секојдневното нивно функционирање и нивна поголема инклузија, вели кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Тимчо Муцунски.

》Предвидуваме отварање на реални компании во средните стручни специјални училишта на лица со попреченост, каде ќе овозможиме да се подготват за пазарот на трудот во реалните компании.

》ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на формирање на (ПОП), Програма за поврзување на училиштата за лица со посебни потреби, во која ги поврзуваме училиштата со стопанските комори и АВРМ, заради олеснување на процесот на нивно вработување.

》Се обврзуваме да направиме посебни напори и да вложиме дополнителни средства во најдобра можна едукација на овие лица, во согласност со светските конвенции за заштита и промоција на правата на лицата со попреченост.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This