МУ ВПЕРИЛ ПИШТОЛ ВО ГЛАВА, И МУ ДЕЛЕЛ ЛЕКЦИИ: Спасовски и СДСМ го злоупотребуваат МВР за изборни потреби и креираат полициско-удбашки местенки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ со своето делување ги поттикнува и активирањата на повеќе ризии и закани, како врз личната и јaвната, така и врз националната безбедност. Тие се многу на број, и верувам дека и неколку трибини нема да бидат доволни да ги споменеме, наброиме и накусо образложиме, истакна денеска професорот Оливер Андонов на Трибината организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Андонов рече дека ништо во МВР не оди на подобро, не е сработено ништо, а особено безбедноста на граѓаните и услугите кои што нашите граѓани ги очекуваат од МВР како нивен сервис не одат на подобро.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

За оваа состојба се виновни Спасовски и СДСМ со нивните политики. Токму од овој контектст, од оваа трибина барам Спасовски да престане со декларативните заложби за унапредување на безбедноста, за реформи на безбедносниот сектор, кои тој ги нарекува реформи во разузнавачкиот сектор, што покажува видливо дека овој човек нема врска со познавањето на безбедносниот систем на РМ, спроведувањето на реформите од Прибе и себеукрасувањето со туѓи дела кои ги промовира како свои, а што е одлика на луѓе кои се неработници и кои манипулираат, рече Андонов.

 

[/kopa_block_quote]

Тој рече дека Спасовски на отчетот никаде не кажал дека за да добијат лични документи, посебно патни документи во псоледните три месеци, граѓаните чекаа и се уште чекаат енормно долго време, или мора да се бараат заобиколни патишта за да се дојде до личен документ. Ова особено е истакнато во однос на странците кои треба да добијат документи за привремен престој.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Морам да нагласам една клучна работа која во овој момент најмногу не загрижува. Тоа е фактот дека Спасовски и СДСМ го злупотребуваат МВР за изборни потреби и продолжуваат да манипулираат со граѓаните преку креирање на полициско-удбашки методи и местенки за што сведиоци бевме и во текот на праламентарните избори во декември минатата година, но бевме сведоци и за вчерашниот настан со малтретирањето на кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. Потоа, истото тоа МВР тенденциозно и можам слободно да кажам лажливо известува до јавноста со грст невистини, побивајќи ги дури и изјавите дадени од самите службеници дека кандидатот за градоначалник не треба да се плаши од еден пиштол кој му бил вперен во глава и дека така лесно не се станувало градоначалник, играјќи мајтап со лицето, изјави Андонов.

 

[/kopa_block_quote]

Тој додаде дека тоа е навреда на честа, на достоинството на истакнат бизнисмен, на човек кој е познат во јавноста, квалитетен, и отворено ги искажува политичките ставови. Андонов нагласи дека тоа е обид за негово заплашување, удар врз демократија со полициско-удбашки методи.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This