МУ ИСПРАТИЛ ЧЕСТИТКА НА СВОЈОТ ТАТКО ВО РАЈОТ:Одговорот кој го добил ќе ви го стопи срцето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

7-годишниот Џејс пред четири години го изгуил својот татко во сообраќајна нес реќа. Тој и неговата сестра се трудат да го зачуваат споменот за него секој ден, а оваа година се одлучиле да му испратат роденденска честитка.

Господине поштару, можете ли да го доставите ова до мојот татко во рајот за неговиот роденден? Ви благодарам”.

Набрзо следел и одговор од поштата, кој неговата мајка го сподедила на Фејсбук.
https://www.facebook.com/teri.copland/posts/2438483316168010

Драг Џејс, додека ја доставувавме честитката, наидовме на некои проблеми. Сакаме да ја искористиме оваа прилика да ти кажеме дека успешно го доставивме писмото до твојот татко. Беше тешко бидејќи на патот до рајот моравме да избегнуваме ѕвезди и други објекти во галаксијата”, напишале тие.

Биди сигурен дека ова важно писмо е испорачано. Нашиот приоритет е сигурно да ја доставуваме поштата на нашите корисници. Знам дека ова писмо ти е важно, ќе продолжиме да ги доставуваме твоите писма до рајот”, стои во одговорот кој го потпишал Шон Милиган, вработен во британската пошта.

Тери Копленд, мајката на детето, вели дека е неизмерно благодарна на оваа идеја.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=960295493986807&set=a.379963218686707&type=3

Не можам да опишам колку му значи тоа што неговиот татко ја добил честитката. Ја вративте мојата верба во луѓето и хуманоста. Неизмерно сме ви благодарни”, напишала Тери.

Нејзината објава станала вистински хит на социјалните мрежи, а истата е споделена повеќе од 250 илјади пати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This