МУ НАПИШАЛА ПИСМО НА ЉУБОВНИКОТ НА ЖЕНА МУ : Неговата листа ќе ве насмее до солзи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На друштвените мрежи се појави писмо од еден изневерен маж. Имено кога дознал дека неговата жена го изневерува, решил да му напише писмо на нејзиниот љубовник со листа на неколку работи. Неговата листа многумина изненади, но и насмеа. Еве ја листата: Те молам не ја оставај дигната даската од ВЦ школката, секогаш јас бев виновен за тоа. Можеби вака ми даваш шанса да одам на риболов, но те молам престани да го пиеш моето пиво. Сосема е во ред да испиеш некое додека си во посета, но сепак остави ми нешто бидејќи јас морам да бидам со неа многу подолго. Ако испиеш се, барем остави пари на масата или оди да купиш.

Ќе те замолам секогаш да ставиш нова тоалетна хартија кога ќе ја потрошиш. Од некоја чудна причина мојот син мисли дека не треба да се избрише ако нема тоалетна хартија. Ја држиме под лавабото, но слободно можеш да предложиш ново место.Престани да го појачуваш греењето зошто јас сум тој што ги плаќа сметките. Престани да ја јадеш нашата храна.Минатата недела го изеде колачот кој мајка ми ми го донесе за роденден. Мојата жена со години нема зготвено нешто толку добро. Обиди се да ја префрлиш тежината на другата страна кога седиш на мојата фотеља бидејќи правиш дупка која ме влече на десно.

И на крај сакам да ти се заблагодарам што на Денот на заљубените ја однесе на ручек. Не беше бесна како обично и порача само еден оброк. Со останатите пари може ќе ги однесам децата во кино. Се надевам дека ќе ми помогнеш со сите работи што ти ги набројав. Ако го направиш ова кога ќе одам некаде ќе ти се јавам колку долго ќе ме нема за да не мораш да брзаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This