Му оставил стотици илјади долари: Британец му го оставил наследството на вработен во хотел во Турција во кој бил редовен гостин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот портир Таскин Дaстан со години работи во хотелот „Де Лукс“ во Кушадаси, а сето тоа време го одбележало пријателството со редовниот гостин – Британецот Чарлс Џорџ Кортни од Хејстингс.

Откако Чарлс починал на почетокот на оваа година, неговото семејство било шокирано кога во неговиот тестамент открилo дека најголем дел од наследството му припаѓа токму на Таскин, како и некои помали суми на другите вработени во хотелот.

– Тој се однесуваше кон нас како да сме дел од неговото семејство. Дури и финансиски ми помогна да ги школувам моите деца. Секако дека бевме емотивни кога дознавме дека починал – изјавил Таскин за локалните медиуми.

Тој е вработен во хотелот од 1990 година, а како што рекол, го познавал Чарлс долги години, бидејќи секогаш го поминувал својот одмор токму на ова луксузно летувалиште.

Иако знаел дека Чарлс е дарежлив, ниту на крај памет не му било дека неговото име ќе се најде во тестаментот на овој човек, а камоли главен наследник! За тоа дознал дури кога го контактирале од Велика Британија по смртта на Чарлс.

Роднините на Чарлс за медиумите изјавиле дека тој му оставил на својот омилен пријател Таскин 275.000 долари, а како што рекол Таскин, доволно е што никогаш повеќе нема да мора да работи во животот. Сепак, тој нема да даде отказ во хотелот, бидејќи ја сака својата работа и сака да продолжи да ги запознава луѓето кои таму доаѓаат од целиот свет.

Чарлс секогаш престојувал во собата број 401, која сега е позната како „Собата на Чарли“ и секогаш ќе остане потсетник за хотелскиот персонал на Британецот кој не бил само нивен гостин, туку и член на едно големо семејство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This