МУ ЈА РАСТУРИ ПАРТИЈАТА СЕГА ГО МОЛИ: Заев утре ќе го моли Касами да гласа за Северна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кој и како ќе гласа за Уставните измени, според премиерот, Зоран Заев, тоа ќе се дознае од доставените амандмани за Уставните измени и од тоа колку ќе бидат задоволни пратениците кои доставиле амандмани. Сега засега, првиот човек на Владата, се уште не знае дали ги има потребните 80 гласа за Уставните измени, пренесува ТВ 21.

За закажената седница за 9 јануари, Премиерот очекува дебатата да заврши за три дена, поради бојкотот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заев рече дека се уште е оптимист и дека очекува одговорност од сите пратеници, и рече дека разговарал со нив во текот на празниците. За утре тој најави средба со претседателот на Беса, Биљал Касами, за да ги слуша неговите барања.

Како Беса, така и Алијанса за Албанците доставиле амандмани за Уставните измени. Двете опозициски партии во свои раце имаат четири гласа за Уставните измени, и бараат во амандманите на Преспанскиот договор да се избрише зборот „македонско“ во параграфот за државјанството и да се замени со „граѓани на Северна Македонија“. Исто така албанската опозиција бара албанскиот и македонскиот јазик да фигурираат како службени јазици во Уставот.

Лидерот на Бесам Билал Касами изјави – доколку власта нема слух за нивните барања, тогаш тие ќе треба да бараат други гласови за Уставните измени. Денеска од Алијанса за Албанците изјавија дека се надеваат дека Заев ќе се повика на разумот и ќе најде демократски капацитети во себе и во парламентарното мнозинство за поддршка на амандманите на албанската опозиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This