April 19, 2024, 11:44 am

МУ ЈА СКИНАЛ ПРИЈАВАТА, ПА ОТИШОЛ НА КОКТЕЛ: Цариникот кој му ја скинал пријавата на Боки 13, попладнето бил на коктел кај него

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту по речиси еден месец откако ексцентричниот Боки 13 беше фатен во шверц на лусузни чевли, јавноста не доби официјален одговор кој ургирал да му биде скината казната за сторениот царински прекршок, за кој требаше да плати 15.000 евра.

На Бојан Јовановски му била поднесена прекршочна пријава за шверц, но наместо да ја плати глобата, Боки 13 си ги зел запленетите обувки и без да плати казна си заминал, пишува „Нетпрес“. Дека чевлите се кај него Боки самиот се пофали на денот на отворањето на неговата телевизија „Еден“ каде на фотографиите е сликан со еден од десетте чифта чевли кои цариниците ги запленија, пишува Република.

„Нетпрес“ најпрвин се обиде од Царината да добие потврда дека обувките се запленети од Јовановски, но не доби одговор, исто како и на прашањето дали е вистина дека на Боки 13 му биле вратени чевлите, а казната била скината по наредба од повисоките инстанци. Откако од Царинската управа не добивме одговор за скандалот , одговор побаравме и од Владата, поточно од Роберт Поповски, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност.

Иако Поповски се пофали дека оваа Влада е најтранспарента, очигледно дека шверцуваните чевли на Боки 13 ја замаглија транспарентноста и дека за некого законите важат, за другите не важат, пишува Република.

Сепак, како што дознава „Нетпрес“, наредбата за на Боки 13 да му се скине казната стигнала од првиот човек на скопската Царина, Златко Кофиловски. Тој меѓу другото, е снимен на забавата по повод отворањето на телевизијата „Еден“, заедно со многуте гости, повеќето припадници на владејачката гарнитура, кај која Боки 13 ужива голем углед, пишува Република.

Јавноста чека одговор кој го заштитува Боки 13, но симптоматично е што веднаш по превземањето на власта од страна на СДСМ, Јовановски, кој е познат ЛГТБ активист го почна проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тој оствари средби речиси со целиот државен врв, од премиерот Зоран Заев, министрите Оливер Спасовски, Мила Царовска, а забележан е како интезивно другарува и со градоначалникот на Карпош, Стефан Богоевски, за што сведочат фотографии на неговите профили на социјалните мрежи.

Како што „Нетпрес“ ексклузивно објави Боки 13 бил фатен на скопскиот аеродром во шверц на 19 парчиња луксузна гардероба. Тој долетал со авион од Виена, но не пријавил ништо за царинење. Сепак, цариниците во багажот на Боки 13 се наѓале 10 пара машки чевли од марките „Givenchy“, „Gucci“, „Giuseppe Zanotti“, „Tom Ford“, „Christian Louboutin“, „Laurent“ и „Louis Vuitton“, потоа четири пара луксузни папучи од марките „Gucci“, „Fendi“ и „Giuseppe Zanotti“, и еден пар очила за сонце „Gucci“, како и два пара ремени од марките „Louis Vuitton“ и „Gucci“.


Само чевлите марка „Гучи“ кои Боки 13 ги промовираше на прославата чинат 800 евра, иако другите модели достигнуваат цена и до 2.000 евра. Не чуди зошто Јовановски се растревожил поради казната, бидејќи за сумата која требало да ја одвои за глобата, ќе може да си купи уште некој чифт чевли, пишува Република.

Во меѓувреме, Царинската управа вчера го прослави Денот на Царината, а министерот за финансии, Драган Тевдовски најави дека ќе се намалуваат казните за царинските прекршоци.

Според него, заедно со Царината била извршена анализа на казнената политика и се подготвија предлозите за намалување на глобите, односни истите да бидат соодветни на тежината на прекршокот, заради поголема правичност, завршува со текстот Република.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This