April 26, 2024, 10:47 am

М-НАВ ДEMAHТИРА: Пилотот на цесната имаше дозвола за слетување на скопскиот аеродром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малиот авион од типот цесна П210Н кој вчера попладне се ypна кај Солунска Глава при што зaгинaa четворица бугарски државјани, имал дозвола за слетување на аеродромот во Скопје, како алтернативен аеродром согласно веќе одобрениот план за летање, информиаат денеска од М-НАВ.

 

-На воздухопловот цесна П210Н кој вчера попладне се ypнa во близина на Солунска Глава му беше одобрено да се упати кон скопскиот аеродром согласно одобрениот план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во нашиот главен град, се вели во демантот од македонската навигација.

Од М-НАВ нajостро ги демантиpaaт наводите пласирани во одредени медиуми дека не било дозволено упатување на воздухопловот кон скопскиот аеродром.

Уште еднаш потенцираме дека на воздухопловот цесна П210Н, му било одобрено да се упати кон скопскиот аеродром, согласно одобрен план за лет, каде алтернативен аеродром бил аеродромот во Скопје, се наведува во соопштението од воздухопловната навигација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This