М ОД МОРАТОРИУМ НЕМА: Богдановиќ и општина Центар лидери по бројот на дозволи за градба во 2018 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Статистичките податоци од Заводот за статистика во табеларниот приказ за Издадени одобренија на градба по општина за 2018 години не соодвествува со актуелната ситуација на теренот или пак со ветувањата на скопските градночалници.

Кога се однесува на предизборните ветувања, Мораториумот на градба во ценралното градско подрачје беше еден од главните ветувања на кандидатите за градоначалници на СДСМ, но кога ќе ги погледнете бројките од Заводот за статистика, повеќе од јасно е дека Мораториумот е само мачкање очи на граѓаните и ништо повеќе.

Општина Ценар, односно градоначалникот Саша Богдановиќ и понатаму е лидер по број на издавање градежни дозволи и статистички издавала најмногу градежни дозволи по месец, за разлика од некои други општини кои и не се обврзаа кон „Мораториумот“ има месеце во кои не се издава ниту една дозвола за градба, но за општина Центар, тоа не важи.

Иако Богдановиќ го воведе и наводно спроведе Мораториумот на градба во општина Центар, тоа според статистиките и не е баш така.

Имено, Советот на Општина Центар на шест месеци го гласа и обновува траењето на Мораториумот, а општинаската администрација, сепак секој месец редовно издава дозволи за градба.

Буквално нема месец во кој не е издадена дозвола за градба, а општина Центаар и Богдановиќ е убедливо лидер по бројот на издадени дозволи во однос на другите општини.

Според податоците ос Завод за статистика, мораториумот е мртво слово или само инструмент за да се олесни селекцијата кој може да гради а кој не

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This