МACAКАР ВО ГРАТЧЕ ВО КАМЕРУН: Четири лавови направиле мacaкар трагајќи по храна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири гладни лавови успеале да избегаат од Националниот парк за диви животни во централниот дел на Камерун и го ги теpopизирале локалните жители нaпaѓajќи луѓе и добиток.

Лавовите успеале да ја преминат оградата од паркот во одделот Мбам-ет-Ким и нaпaднaле добиток во едно локално место, при што лавовите успеале да заловат околу 30 говеда, објавија локалните медиуми.

Регионалните власти ја задолжија германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) на локално ниво да ги пронајдат лавовите и да ги вратат во Националниот парк.

Властите на паркот првично мислеле дека само два лавови избегале, но откако ги разгледале патеките и трагите, утврдиле дека дури четири лавовои усепале да избегаат.

Властите го ифомрираа локалното население да не се плаши, но ги замолија  да останат во своите домови по вечерните часови додека лавовите не бидат пронајдени.

Централноафриканската земја Камерун, која се наоѓа во Заливот Гвинеја, е дом на бројни диви животни паркови. Лавот е националното животно на Камерун, и многу туристи во земјата доаѓаат да ги видат моќните мачки. Од време на време, овие предатори успеваат да избегаат од парковите и ги напаѓаат и убиваат жителите и добитокот, но ова е прв случај во волкав размер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This