МACKИ НА ОТВОРЕНО ЗА УМОВИ НА 3ATBOРЕНО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На почетокот на пандемијата, алфа и омега на нашата заштита од новиот коронавирус беа миењето раце и дезинфекцијата, за по некое време приматот да го заземат маските за кои сега се лобира да се носат дури и на отворено, иако за тоа не постојат никакви научни докази и аргументи. Ќе помислиме дека е тоа така само затоа што за маски полесно се казнува отколку да нè проверуваат дали рацете ни мирисаат на сапун.

Instapaper верзија за печатење испрати на пријател

Откако почна пандемијата, научни студии докажаа дека вирус се пренесува во ресторани, кафулиња, домови, фабрики и канцеларии, на конференции и состаноци, во јавен сообраќај, возови и авиони.

„Немаме идентификувано буквално ниту еден случај кој би го поврзале со таканаречениот секојдневен живот на отворено,“ го пренесува Данас професорот на универзитетот во Кантербери, Мајкл Вид.

Тој е автор на студијата спроведена на 25.000 случаи која уште не е рецензирана а која регистрира мал процент (околу 6%) заразени на отворено, но тоа секогаш се јавни собири како спортски настани или концерти.

„За исти активности на исто растојание, надвор е многу посигурно отколку на затворено бидејќи вирусите брзо се разредуваат во атмосферата,“ заклучува студијата на која работеле научници од САД, Британија и Германија.

Разликата се споредува со дим од штотуку запалена цигара кој веднаш го забележувате во затворен простор но не е исто и на отворено.

Најмалите честички со кои вирусот може да се пренесе се аеросолите кои во воздухот остануваат подолго од капките но не е познато колкава количина аеросоли е потребна за пренос на инфекцијата.

Клучен фактор е времето поминато во близина на заразен човек а „не постојат докази дека коронавирусот се пренесува на разминување со луѓе на отворено,“ заклучува студијата.

Кога носењето на маски има научна, медицинска и општествена вредност треба да се охрабрува. Во затворени простории, невентилирани простории, места со голема концентрација на луѓе, места кадешто луѓето подолготрајно се задржуваат.

Но носењето на маски на отворено, кадешто нема висока концентрација на луѓе, кадешто нема долготрајна концентрација на луѓе Е ТОТАЛНА ГЛУПОСТ. Нема никаква научна основа, нема никаков здравствен бенефит (освен што можеби како шалче ќе ни ги топли лицата зимоска), туку само ДИРЕКТНО и НЕПОТРЕБНО ГИ НАРУШУВА СЛОБОДИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ. Единствен начин кога е прифатливо слободата да се намали или наруши (да се направи trade off) е кога во прашање се доведува животот и здравјето на индивидуите во едно општество. Носење на маски на отворено, не е тоа“, вели ко-основачот на лабораторијата за генетика во болницата Жан МИтрев и еден од основачите на сајтот Наука за сите.

Превземено: Офф.нет

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This