Мacoвни кибep нaпaди вo Русија зa вpeмe нa избopитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Врз рускиот електронски систем за далечинско гласање, како и врз Интернет страницата на руската Централна изборна комисија извршени се голем број масовни кибер напади, но тие не влијаеја врз нивната оперативност, изјави денеска заменикот претседател на руската Централна изборна комисија (ЦИК), Николај Булаев.

-Извршени се голем број напади, и на софтверскиот и на хардверскиот дел на комплексот, но заштитните системи успешно ги одбија сите напади, изјави Булаев за Тасс.

Кибер нападите не предизвикаа никаква штета на изборниот систем, додаде заменик претседателот на руската ЦИК.

-Системот работи нормално, без прекини, и во Москва и на федерално ниво, нагласи Булаев.

Денеска е втор ден од изборите за руската државна Дума, а гласањето завршува утревечер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This