Мeѓyнapoднa yниja зa зaштитa нa пpиpoдaтa: 35.765 видoви билки и живoтни ce вo oпacнocт oд изymиpaњe..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Меѓународната унија за заштита на прирордата ги објави новите резултати од Црвената листа со загрозени видови на Земјата (IUCN Red List of Threatened Species). Според новата листа, од 128.918 видови животни и билки, 35.765 се во опасност од изумирање. Тоа е повеќе од една четвртина.

Последните податоци покажуваат дека 31 билни и животински видови преминале во категоријата „изумрени“, што им се заканува и на слатководните делфини. Меѓу билките во семјеството на дабови, каде што вкупно има 441 вид, 113 се во опасност од истребување.

Благодарение на напорите за зачувување, европскиот бизон, кој е најголемииот копнен цицач во Европа, премина од многу осетливите категории билки и животни во благо ризичните.

Црвената листа со загрозени видови постои од 1964 година како најмеродавен глобален приказ на состојбата во растителниот и животинскиот свет на Земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This