Совршено меки и сочни телешки шницли…
СОСТОЈКИ:
1 кг телешки котлети, 150 мл бело вино, 4 чешниња лук, 1/2 шолја брашно, маслиново масло, сол, бибер, ловоров лист или рузмарин.
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Шницлите посолете ги, побиберете ги и извалкајте ги во брашно, па пропржете на масло додека не поруменат.Извадете ги од тава, па додајте ситно сечкан лук и кратко продинстајте.
Налијте вино и оставете да зоврие. Кратко гответе, а потоа додајте месо и динстајте на слаб оган околу 30 минути. Ловоров лист или рузмарин ставете десетина минути пред крај.
Добар апетит!