Мepкитe пoпoлeкa ce oлaбaвyвaaт: Угocтитeлитe oд дeнecкa пoвтopнo работат до 21 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рестораните и угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот, со што престанува да важи одлуката што беше во сила во изминатиот месец за работа до 18 часот, по препорака на Комисијата за заразни болести за да се спречи групирање во празничкиот период и ширење на вирусот Ковид-19.

Следната недела ќе се разгледа можноста за продолжување на работното време на угостителските објекти по 21 часот, но, како што рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, секоја  мерка што се носи мора да оди парарелно со примарната цел, а тоа е здравјето на граѓаните.

Независната угостителска комора, пак, чека покана за средба со Владата на која и дава рок до 25 јануари да ги усвои нивните барања за креирање посебни мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија.

Откако Владата вчера објави дека ја донела со првата мерка од петтиот антикризен пакет од НУК соопштија дека им подарила на „локомотивите“ – членки на Стопанската комора на Македонија 162,4 милиони евра, а на угостителите и натаму неосновано и неоправдано со времена одлука им го цепка и ограничува работното време и правото на работа.

Сите индустрии добија поддршка и помош од постојните сет економски мерки, само за угостителската континуирано се носат препораки и протоколи со ограничувања за работно време, смета НУК и нагласува дека неискористени средства од четвртиотиот сет мерки за субвеција на плати има повеќе од 15-тина милиони евра кои може веднаш да се наменат за јануарска и февруарска субвенција за плати во угостителската индустрија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This