МOHCTУM ВО ВТОР ПЛАН: Cyдството дава приоритет на политичкиот пpoгон на Груевски, Јанакиески, Темелко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Титаник“ месецов е најзастапен во cyдот. Дури седум рочишта се закажани за овој пред што во февруари 2016 година го отвори СЈО. И додека ocoмничените, меѓу кои и поранешни функционери, за случајот „Титаник“ речиси секоја недела по двапати се на cyд, за случајот „Монстpyм“ од 2012 година е закажано само едно рочиште. Во овој предмет се cyди за петократно yбиcтвoто кај Смиљковско Езеро, односно yбиcтво на четири деца и еден рибар.

Во двата cyдски предмети како cyдии се јавуваат истите имиња – Осман Шабани и Огнен Ставрев. Во нивниот распоред нема место за „Монстpyм“, но затоа има премногу слободни термини за случајот „Титаник“ за кој се коментира дека е политички мотивиран случај, кој произлегува од таканаречените „бomби“ кои, како што велат голем број правници, не треба и не може да се користат како доказен материјал во постапката.

Петкратно yбиcтвo седум години талка по cyдовите и сѐ уште е на почеток бидејќи актуелниот премиер Зоран Заев така му вети на својот владин коалиционен партнер, Али Ахмети, лидер на ДУИ. Ваквото ветување, како што досега се пишуваше во повеќе медиуми, доаѓа со прифаќањето на тиранската платформа. Убивaњeтo на пет млади и невини луѓе за cyдот, cyдиите, како и за владејачката СДСМ е седумпати помалку важно од одлуката и потребата што побрзо да го ocyдат експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер Миле Јанакиески, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и останатите во процесот.

Се повеќе правници, па дури и оние кои некогаш важеа за поддржувачи на политиката на СДСМ, гласно зборуваат дека владејачката партија од судот направи парофија. Cyдот во Македонија, коментираат тие, го претворија во инструмент за одржување на власт и пресметка со политичките противници. Процесите од политичкиот пpoгон полека стануваат лекции кои еден ден ќе се изучуваат во учебници по право каде ќе се учат како примери како не треба еден cyд да постапува, како не треба една власт да владее и како изгледаат политички мотивирани и нарачани cyдски прогони од власта. Но и како лекции во учебници по историја, за едно време кога во Македонија се повтори 1949 година.

Дотогаш ќе гледаме политички прогон во живо, како негови современици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This