НАБАВКАТА НА УНИФОРМИ Е ВО ТЕК: МВР со соопштение по реакцијата на полицискиот синдикат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јуни 2017 година во Министерството за внатрешни работи беше затекната состојба на сериозен недостаток на униформа и ненавремено обновување на истата на сите полициски единици, се наведува во реакцијата на МВР.

Поради тоа , во Планот за јавни набавки на Министерството за внатрешни работи за 2018 година се предвидени вкупно 18 постапки за набавка на униформа и делови на униформа, кои Одделот за општи и заеднички работи ги има започнато согласно процедурите за набавка соодветно на видот на постапките. Изминатиов период беше извршена набавка на комплет униформа и истата веќе е испорачана за припадниците на ЕСЗ за урбани средини, комплет униформа за рурални средини, ремени за сите полицајци, како и комплет униформа за воздухопловниот персонал. Исто така потпишани се договори за набавка на зимски панталони и здолништа во вредност од 13.947.600,00 денари со ДДВ, кожни ракавици за сите припадници на полиција во вредност од 11.112.650,00 денари со ДДВ, како и наменски ракавици за сообраќајна полиција кои ќе бидат испорачани до крај на месец октомври во вредност од 552.851,80 денари со ДДВ. Постапките за набавка на високи специјални чизми со планирана вредност од 30.000.000 денари без ДДВ и џемпери за припадници на МВР со планирана вредност од 10.000.000 денари без ДДВ, моментално се во фаза на евалуација и доколку биде извршен избор ќе се склучат договори за испорака на 7.000 пара чизми и 7.000 парчиња џемпери до крајот на годината. Постапките за набавка на виндјакни со планирана вредност од 45.000.000 денари без ДДВ, вратоврски-3.000.000 ден; кошули со долги и кратки ракави- 1.200.000 ден; маици со кратки ракави- 4.000.000 ден и “БК“ капи летни и зимски – 8.000.000 ден. (по 7.000 пара/парчиња од секој вид летни и зимски, потребна количина за сите припадници на полицијата) беа објавени и поништени бидејќи немаше ниту една понуда која во целост ги исполнуваше барањата од Правилникот за составот, квалитетот и кројот на униформата и ознаките на униформата на полицијата (“Службен весник на РМ“, бр.171 од 09.09.2016). Истовремено, во тек е постапката за набавка на летни, зимски и свечени чевли (вкупно 21.000 пара) со вкупна планирана вредност од 21.000.000 ден.; опасачи со вкупна планирана вредност од 17.500.000 ден. Планирани се и набавки на теренска униформа со вкупна вредност од 42.000.000 за 7.000 комплети (кошула, панталони, капа), свечена униформаза 3.000.000 ден; набавка на амблеми и ознаки на чинови за 8.000.000 ден., униформа за ЕБР и ПЕП во вредност од 136.000.000 денари и работно заштитна облека за работниците во специјални служби во вредност од 30.000.000 денари. Со цел задоволување на итните потреби од основна униформа на 1.200 нововработени припадници на полиција кои поради недостиг од униформа ја користат работната униформа од обуките, во итна постапка набавени се и испорачани по 1.200 пара/парчиња маици со кратки ракави, кошули, кратки јакни, вратоврски, и во секој момент се чека испорака на чевли и опасачи, по што истата ќе биде поделена на нововработените полицајци. Вредноста на оваа набавка изнесува 14.000.000 денари со ДДВ.

Сите овие набавки се планирани со однапред обезбедени средства од Буџетот на Министерството за внатрешни работи за 2018 година, и се спроведени во првите шест месеци од тековната година. Согласно Планот за јавни набавки на МВР за 2018 година, јавните набавки ќе продолжат и во следните месеци, со цел обезбедување на потребната униформа и опрема за полициските единици, се наведува во реакцијата на МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This