НАВОДНО СЕ ОТКАЖУВАШЕ, АМА ПАК ЌЕ ЗЕМА ПАРИ: Фирмите на Анѓушев повторно ќе добијат финансиска ,,инекција’’ од државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе и повеќе изгледа дека вицепремиерот Кочо Анѓушев единствено е дел од владата за бенефициите, а не за развој на македонската економија. Резултатите од работата на вицепремиерот за економски прашања се еднакви на 0, нула раст на економијата за 2017 година и очаен раст од 0,1 проценти раст на БДП во 2018 година. Додека е евидентно дека економската состојба во државата е влошена, Анѓушев ги брои милионските суми на пари кои легнаа на сметките на неговите фирми во изминативе година дена откако тој седна на вицепремиерската фотелја.

Дали фирми каде сопственички удел има вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, ќе добијат нова транша помош од државата? Според документите до кои денеска дојде Алсат М, шефот на кабинет на вицепремиерот, Софче Јовановска, како претседател на Комисијата за евалуација, ги рангирала фирмите „Брако“ и „Каст-инвест“ како можни добитници на државна помош и за унапредување на бизнисот, анализира телевизија Алсат.

„Комисијата е на мислење дека компанијата ги исполнува условите за добивање на финансиска поддршка заради: Врши производствена/и дејност/и – 25.93. Производство на жичани производи, синџири и пружини; инвестицискиот проект од деловен план е врзан со производствената дејност; има раст на приходи и има ист, односно пораст на вработени.“, велат од Државната Комисија за евалуација.

Меѓу компаниите во кои сопственички удел има вицепремиерот, а се позитивно оценети од Комисијата, покрај ,,Брако’’ е и Друштвото за трговија и услуги КАСТ ИНВЕСТ ДОО. Доколку името Каст Инвест ви звучи познато тоа е поради тоа што оваа фирма се најде на списокот добитници на пари од државата односно грант од Фондот за иновации и технолошки развој. Според Државната Комисија за евалуација и оваа фирма ги исполнува условите за добивање државна помош.

Интеренсо или пак сомнително е што помошта одобрена за сите фирми кои ги евалуирала Комисијата е направена по измените на Законот за поддршка на инвестиции зад чиј текст застана токму вицепремиерот Анѓушев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This