НАВРЕДИ ЗА СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ ОД ПРЕМИЕРСКИОТ КАБИНЕТ: Посебниот советник на Заев, Рубин Земон го нарече Стоилов „мeнтaлнo нecтaбилен“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен, пренесе „Магазин.мк“

На настанот на Агенцијата за спорт и млади, Земон бил присутен кога Стоилов си замина, затоа што се зборувало на албански јазик. Тој тврди дека вчера немало никаков посебен скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според него Земон, ракометната ѕвезда Стојанче Стоилов морал да остане и да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

Рубин Земон (роден во Струга) е македонски етнолог, универзитетски професор и претседател на Сојузот на Балканските Египќани. Вработен е во Универзитетот за информатички науки и технологии и член на научниот совет на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“. Тој експерт на ОБСЕ/ОДИХР за прашањата на националните малцинства. Член е на претседателството на Македонското етнолошко друштво и Член е на центарот за карпеста уметност на Македонија

– Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански а потоа го стори истото и на македонски.
Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку Стојанче, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.
Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи – анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This