Награди до два милиони евра: Лотарија за вакцинираните граѓани во Словенија, бонуси за оние кои ги убедуваат другите да се вакцинираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словачка ќе започне лотарија со неделни награди до два милиони евра за вакцинирани граѓани и ќе понуди бонуси за оние кои ги убедуваат другите да примат вакцина за коронавирус, според планот усвоен од парламентот денес.

Словачка, која има 5,5 милиони жители, досега целосно вакцинираше 28,7 проценти од населението и заостанува зад просекот на ЕУ од 32,9 проценти, пренесува Ројтерс.

Според официјалните податоци, бројот на луѓе кои ја чекаат првата доза се намалува, но исто така се намалува и дневниот број на вакцинирани од врвот во мај.

Според предлогот на најголемата партија во владејачката коалиција Обични луѓе, вакцинираните граѓани ќе имаат можност да учествуваат на лотаријата еднаш по секоја добиена доза, пренесува Танјуг.

Покрај тоа, секој Словак кој ќе убеди друг да прими вакцина, ќе добие од 30 до 90 евра кога тоа лице ќе го заврши процесот на имунизација, а бонусот расте со возраста на вакцинираното лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This