Надежта на заробените деца полека тоне, загина еден од спасувачите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тајландски спасувач загина синоќа во текот на операцијата за спасување на 12 деца и нивниот тренер кои веќе 13 дена се заробени во пештера во Тајланд.

Поранешниот припадник на воената елитна тајландска единица СЕАЛ, Саман Кунан (38) кој бил дел од спасувачкиот тим во пештерата Там Луанг, загинал вчера вечерта откако влегол во пештерата за да однесе резерви на кислород.

-Условите во пештерата се многу тешки. Откако го оставил резервоарот со кислород, на враќање изгубил свест. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но не успеал да го спаси – рекол командирот на СЕАЛ, Апакорн Јуконгкаев.

-Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму – рекол Апакорн.

Инаку, најавените монсунски дождови може многу да ги отежнат напорите на спасувачите да ги извлечат заробените деца од пештерата. Освен ова, лоша вест за нив е и тоа што медицинските прегледи покажале дека децата сè уште не се доволно силни за да се обидат да изнуркаат, објави Си-ен-ен. Поранешниот морнарички спасувач Кејд Куртли оценил во интервју за Си-ен-ен дека нуркањето треба да биде последна опција затоа што таквиот обид најверојатно ќе доведе до смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This