Надлежните пpeдупредуваат: Водата во кривопаланечко не е безбeднa за пиење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водата за пиење и користење од старите локални водоводи во руралните населени места Жидилово и маала Трнци, село Конопница кај Крива Паланка е незезбедна, според најновиот извештај од извршените лабораториски испитувања од Центарот за јавно здравје Куманово.
– По извршеното тестирање на мостри на водата од стариот локален водовод во село Жидилово, лоциран кај продавницата во населбата, констатирано е дека водата од овој водовод не одговара на законските прописи за бактериолошка анализа и не е безбедна за пиење и техничка употреба, поради зголемен вкупен број колиформни бактерии и присуство на Ешерихија коли – индикатор на фекално загадување на водата. Исто така, според добиениот извештај од тестирањето мостри на водата од стариот локален водовод во маала Трнци, село Конопница, кај продавницата во населбата, констатирано е дека водата од овој водовод не одговара на законските прописи за бактериолошка анализа и не е безбедна за пиење и употреба поради заматеност и зголемена потрошувачка на калиум перманганат, посочуваат од службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.
За да можат овие два водоводни системи да се стават во употреба за локалното население, задолжително треба да се изврши дезинфекција и кондиционирање на водата и водоснабдителните објекти од страна на надлежен орган.
Од локалната самоуправа го известуваат месното население од овие две рурални подрачја дека е забрането понатамошно користење на двата маалски водоводи сè до превземање соодветни мерки за подобрување на квалитетот на водата.
-Апелираме месните заедници на село Жедилово и село Конопница да го известат месното население кое сè уште ги користи овие водоводни системи дека водата не е за користење. Бидејки ваквата состојба се повторува неколку пати, Општината повторно ги повикува лицата кои ги користат овие небезбедни водоснабдителени системи да се обратат во јавното комунално претпријатие во општината за приклучување на своите објекти на водоводните системи кои ги контролира ЈП „Комуналец“ во овие населени места, додаваат од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This