April 26, 2024, 12:30 pm

Надлежните шест дена не излегуваат со идентитетот на нacтраданите во пожaрот во Тетово: Tоа отвора coмнежи и простор за шпекулации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поминаа 6 дена од катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, а освен што нема одговорност, нема ниту официјален податок за лицата кои загинаа.

Министерот Венко Филипче после трагичниот настан излезе на прес конференција на 9 септември потврди дека 14 лица ги изгубиле своите животи, а 12 биле спасени од пеколот кој се случи на 8 септември. Сепак МВР се уште нема излезено со информација за имињата на настраданите, или барем нивните иницијали и нивната возраст што е пракса.

Јавноста остана збунета, а шпекулации почнаа да се шират токму поради непрецизноста на властите поврзано со бројот на жртвите. Владата на 9 Септември во соопштение информираше дека во несреќата при пожар во КОВИД центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во КОВИД центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.

Сепак бројките не соодествуваа со информациите кои потоа излегоа во јавноста, дека и лица кои биле во придружба на ковид пациети исто така загинале во страотниот пожар. Од вкупно 14 лица кои го загубија животот во пожарот во тетовската модуларна болница, 12 биле пациенти, а две лица биле во придружба на свои роднини, односно едното лице е сопруга на пациент, а другото е ќерка на пациентка. Овде се поставува прашањето што се случило најмалку со двајца од пациентите за кои властите тврдеа дека биле хоспитализирани кобната вечер.

И еден од сведоците на настанот, Ибин Емшиу кој во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загуби својот татко и брат во интервју за Дојче Веле меѓу другото говореше дека во модуларната болница имало голем број лица.

Не знам колку точно луѓе бевме внатре, но не верувам дека беа 14 жртви колку што тврдат.Тие објекти беа преполни. Седевме таму, спиевме таму, значи бевме околу 50 луѓе заедно со пациентите. Сите пациенти имаа придружници од нивните семејства кои ги чуваа деноноќно- ќе изјави Емшиу за Дојче Веле.

Обдукцијата на телата на Институтот за судска медицина заврши на 10 септември и со помош на ДНК анализи се идентификувани сите телата на жртвите и познато е кој загина во трагедијата на тетовската модуларна болница. Токму затоа јавноста очекува точна информација од надлежните институции за идентитетот и возраста на настраданите за да се запрат шпекулациите со оваа трагедија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This