НАДЛЕЖНИТЕ MOЛЧАТ: Рапидно расте бројот на зaбoлeни од гpип во Македонија- лoши xигиeнски услови има и во училиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рапидно расте бројот на заболени од грип во Македонија, додека власта и Министерството за здравство не преземаат ништо.

50-годишен човек е третата жртва на сезонскиот грип – кој од почетокот на месецов веќе зеде два животи. Човекот имал хронични болести и починал на институтот за пулмологија, каде бил на лекување. Според лекарите, неговото хронично заболување дополнително му ја влошило состојбата.

„Сите имале хронични заболувања, не биле вакцинирани против грип, биле третирани со антивирусна терапија и биле позивини на инфлуенца АH1 поттипот“, рече д-р Гордана Кузмановска, која посочи дека има зголемена активност на грипот во државава и регистрирани се 5.660 заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто.

Граѓаните загрижени, сметаат здравствените власти не превземале доволно мерки, како би се заштитиле од грипот.

Додека бројот на заболени од грип нагло расте, комисијата за заразни болести одлучи – нема епидемија, учениците остануваат на училишните клупи, а посетата на болните останува забранета.

Инаку, Алфа дознава дека дел од наставниците кои работат во неколку скопски училишта кои имале грип и биле со висока температура – од директорите добиле наредба како знаат и умеат да се вратат на работните места и покрај нивната лоша здравствена состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This