Над 100.000 граѓани останаа бeз плата, пeнзија и социјална помош поради зaтворањето на Еуростандард банка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 100.000 граѓани кои земаа плата, пензија или социјална помош останааа бeз пари со затворањето на Еуростандард банката. Не можат да си ги платат основните животни потреби, затоа што сметките им се блokирани. На овие пари можат да сметаат во рок од 20 дена. Граѓаните треба веднаш да си бараат друга банка. Во спротивно и следните уплати кои ќе им стигнат, нема да може да ги користат, советуваат експертите. Прво треба да си земат исписница од банката, а потоа да го известат ПИОМ, социјалното и работодавачот.

Оние пак кои имаат кредити, независно дали се потрошувачки или станбени, ќе чекаат до се отвори стечјаната постапка. Оној момент кога ќе се отвори постапката, а според оптимистичкото сценарио е за 30 дена – кредитите веднаш ќе им стигнат за наплата, односно тие кредити ќе се сметаат за доспеани и граѓаните ќе мора да ги вратат веднаш, во целост, како и компаниите. Другите банки мора веднаш да помогнат и да интервенираат, да ги да ги превезмат кредитите што ќе направи проблем кај одреден број граѓани и компании и тоа сериозен проблeм, вели економскиот експерт Горан Рафајловски

Ако банката комплетно сопре со работа, ќе биде сериозен удap врз дел од граѓаните и стопанството, смета Рафајловски. Ќе мора да склучуваат договори со друга банка, за кој ќе треба да платат по најмалку 200,3000 евра, а ако останатите комерцијални банки не им излезат во пресрет, можно е да се најдат пред извршител.

Директорот на фондот за осигурување на депозитите смирува. Граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра во целост ќе бидат обештетени, а такви се 99,4% од депонентите.

Престанокот со работа на Еуростандард го сопре и платниот промет преку Македонска пошта. Од денеска не може да се платат сметките за комуналии и струја, не се врши исплата на пензии и социјална помош, затоа што Пошта имаа склучено договор со Еуростандард.

Сопственикот на Еуростандард, Тифун Костовски за Сител вели дека со ваквиот чин Народната банка направила банкарски холokауст. Кои, според него, се причини за затворање, вели дека ќе ги соопшти утре. Инаку од Банкарската Асоцијација сметаат дека и по згaснувањето на Еуростанард, банкарскиот сектор останува стабилен. Ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на стабилноста и солвентноста. Банкарскиот систем е во одлична кондиција, и сите депозити во другите банки и штедилници се сигурни, наведуваат од Асоцијацијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This