April 26, 2024, 10:20 am

Над 20.500 македонски државјани ќе гласаат во дијаспората

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 20.500 македонски државјани во странство ќе можат да го остварат своето право на глас на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

dik

Поради големиот број пријавени, ДИК вчера на седница одлучи во Берн, Швајцарија, да отвори три дополнителни избирачки места, а во Венеција, Италија уште две. Првпат оваа година гласачко место ќе биде отворено и во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Според информациите од ДИК, за гласање во Берн, Швајцарија, се пријавиле над 4.000 македонски државјани, додека во Венеција речиси 3.000.

Гласачки места со над илјада пријавени во дијаспората има и во Детроит и Њујорк, САД, во Мелбурн, Австралија, и во италијанскиот главен град Рим.

За дополнителните избирачки места допрва ќе се формираат избирачките одбори. Претседател и заменик претседател на овие избирачки одбори се вработени во амбасадите и дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде се отвораат овие места, а останатите членови се предложени од партиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This