April 25, 2024, 11:05 am

НАЗАД ВО ЕДНОУМИЕТО: Згаснува првиот приватен дневен весник „Дневник“, но и уште неколку медиуми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот приватен дневен весник во земјава, чиј прв број излезе на 20 март 1996 година, денеска се отпечати за последен пат.

Од утре весникот повеќе нема да се печати, а згаснуваат и неколкуте електронски изданија коишто беа под капата на „МПМ“ – порталите „Телеграф“, „Утрински весник“, „Вест“ и „Теа модерна“. Од денеска над стотина медиумски работници во „МПМ“ останаа без работа.

Повикувајќи се на тврдења од вработените, дел од медиумите пишуваат дека весникот повеќе нема да се печати, на вработените ќе им биде исплатена плата за мај во следните 20 дена, период во кој ќе бидат испратени „на одмор“, а фирмата ќе оди во ликвадација.

Образложението кое им било кажано на вработените е дека фирмата не успеала да обезбеди кредит, неопходен за функционирање на весникот и за исплатата на обврските.

Пред еден и пол месец исто така престанаа да се печатат дневните весници „Утрински весник“ и „Вест“, поради лошата финансиска состојба на фирмата.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This