НАЗНАЧЕН НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ: Коле Штериев ќе го замени Петар Аневски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов претседател на Советот на јавни обвинители е Коле Штериев. Тој денеска е избран на седницата на Советот, откако претходно беше прифатена оставката на досегашниот преседател Петар Аневски.

Штериев по изборот рече дека ќе се обиде да ги искористи своите и капацитетите на членовите на Советот и изрази надеж дека ќе успее да ја смениме сликата за оваа институција.

– Може да е претенциозно и преамбициозно да кажам дека ќе успеам во тоа, но дека ќе се обидам тоа е несомнено. Ќе се обидам да ги искористам и моите и капацитетите на членовите на Советот и се надевам дека ќе успееме да ја смениме сликата на Советот, но тоа ќе го кажеме откако ќе го направиме, изјави Штериев, пренесе МИА.

Најави дека институцијата во иднина ќе биде потранспарентна.

– Делот на впечатоците створени во јавноста дека Советот како да бил во конфликт со СЈО, тоа не се само впечатоци, тоа беше таква состојба. Но, за тоа, да бидам отворен, не можете да ги барате причините само во Советот, туку да не навлегуваме денеска на првиот ден во тоа, рече Штериев, пренесе МИА.

Обвинителот Штериев доаѓа на местото претседател на Советот на јавни обвинители, откако Петар Аневски во вторникот си поднесе оставка на функцијата, поради лични и семејни причини.

Коле Штериев стана член на Советот на јавни обвинители на РМ пред една година. Претходно работел во Вишото скопско обвинителство.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This