НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕНЗИИТЕ ПОМЕЃУ САД И РУСИЈА: Австрискиот канцелар повика на смирување на тензиите поради Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастијан Курц повика на ставање крај на растечките тензии околу Сирија, особено меѓу Русија и САД.

“Јас само што разговарав за ситуацијата во Сирија со канцеларката Меркел, се согласивме дека не постои воено решение за конфликтот. Мораме да направиме се за да спречиме понатамошна ескалација, особено меѓу САД и Русија и да го промовираме дипломатскиот мировен процес’’ Напиша канцеларот Себастијан Курц на својот Твитер.

Тој, исто така, изјави дека Австрија прави сé што може за да ги поддржи оние што бараат политичко решение за сирискиот конфликт и дека е секогаш подготвена да биде домаќин на преговорите.

Себастијан Курц истакна дека Русија треба да биде вклучена во актуелните напори за изнаоѓање мирно решение за сирискиот конфликт, за решението да успее.

“Затоа, разговарав со претседателот Путин за Сирија, пред сé за можната деескалација и дипломатски иницијативи за решавање на конфликтот”, рече австрискиот канцелар.

Претходно истиот ден, Курц разговараше за ситуацијата во Сирија со Ангела Меркел.

Сирија е во центарот на вниманието во последниве недели, бидејќи неколку медиуми, повикувајќи се на сириските милитанти, го обвинија Дамаск за употреба на хемиско оружје во градот Дума. Сириската влада и Москва ги отфрлија обвинувањата, велејќи дека нападот бил заговор од страна на милитантите.

Без да ги чекаат резултатите од меѓународната истрага, САД, Велика Британија и Франција нападнаа голем број цели во Сирија рано во саботата, како одговор на наводниот хемиски напад во Дума. Овој потег веќе беше критикуван од страна на голем број земји, меѓу кои и Русија, Иран, Белорусија и Куба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This