НАМЕРНО СЕ УНИШТУВА ОНА ШТО Е НАПРАВЕНО: СДСМ не изгради ништо во Велес, ама тоа што е направено го уништува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако во минатото СДС за Велес не направи ништо, напротив го доведе градот на работ на уништување, она што во меѓувреме е изградено во служба на граѓаните се уништува од страна на вандалите

 

Овој пат во Велес на удар беше урбаната опрема поставена за најмладите жители на Велес, која во текот на вечерта била узурпирана и намерно уништувана од страна на активисти на СДС, а на крајот облепена со рекламни плакати на Аце Коцевски.

Како што информираат велешани, точно се знае идентитетот на оние кои го уништувале детскиот парк, а токму ваквите постапки уште повеќе допринесуваат нивниот глас на изборите да не го дадат на Аце Коцевски, кој во минатото иако ништо не направи, сега го уништува и она што е направено.

Според очевидците, се работи за група на вандали кои намерно го уништувале детскиот парк, за потоа да го фотографираат со цел да прикажат дека истиот е руиниран, а подоцна го облепиле со рекламни плакати на СДС и Аце Коцевски.

Ваков вандализам беше забележан и во скопските општини, поточно во општината Карпош и општината Аеродром, каде активисти на СДС намерно ја уништуваа урбаната опрема, за потоа да манипулираат со фотографиите, лажејќи дека општините и градоначалниците недоволно се грижеле за јавните добра.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This