April 20, 2024, 12:11 pm

НАМЕСТО ВО ЗATBOP, ЌЕ СТАНУВААТ АГЕНТИ: Партиските послушници Заев ги вдомува во Агенцијата за Национална бeзбeдocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осудениците Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазарески најдоа место во новата Агенција за Национална безбедност, дознава „Инфомакс“

Костовски ќе биде дел од АНБ, иако против него има правосилна пресуда откако призна вина и се спогоди за помала затворска казна во случајот „Пуч“. Практично Костовски е единствениот за кого важи колективната аболиција дадена од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов, бидејќи постапките за сите останати кои се опфатени со предметите на СЈО продолжија, а само Костовски не се врати во затвор.

Неговиот соработник Ѓорѓи Лазаревски исто така ќе биде згрижен во АНБ, иако му се заканува постапка за лажно сведочење, откако со сосема спротивни наоди во судскиот предмет „Таргет-Тврдина“ излезе поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски.

Верушевски целосно ги поби тврдењата на Лазаревски дека тој му дал наредба да ги следат броевите на Груевски и Мијаков или дека материјалите извадени од УБК му биле доставувани личн нему.

Помеѓу останатите и сопругот на Фросина Ременски, Јовче, инаку вработен во УБК а сега префрлен во АНБ, и покрај неговоото учество во Меѓународниот Сојуз на Боки 13 преку кој постои сомнение дека се переле милионски суми од рекетарските шеми со Катица Јанева, Зоран Милевски-Кичеец но и со луѓе од највисоките позции на извршната власт во земјава.

Јовче Ременски важи и за конфликтен човек во УБК, па затоа не ужива ни голема доверба помеѓу колегите. Ваквиот негов начин на работа предизвика и скандал, откако Ременски на социјалните мрежи најави апсења кои МВР ги планирала во рамки на тековни истраги. Тогаш тој на својот Фејсбук профил објави дека ќе имало „џандар збира“.

Зоран Заев кој пак сега е директно надлежен за разузнавачката Агенција за национална безбедност, во целост ја уништува кредибилноста и професионализмот на оваа институција, уште пред истата и да започне со работа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This