April 19, 2024, 11:28 am

Наместо да ги зaштити граѓаните, обвинитeлcтвото истpaжува дали Кадриу постапила законски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вишото гостиварско обвинителство, се уште нема пратено информација до републичкиот обвинител Љубомир Јовевски за кое кривично дело се води истражна или предистражна постапка за случајот во село Синичане.

Вишите обвинители треба да утврдат кој и го доделил предметот на обвинителката Лејла Кадриу од Тетово. Зошто направила увид. Дали има записник од увидот. Дополнително треба да се утврди дали обвинителката презела дејствија спротивно на функцијата но и дали го презела предметот и ја известила полицијата и постапила исклучиво според член 41 од Законот за кривична постапка .

Член 41 од ЗКП:

„Јавниот обвинител може сам да го преземе секое дејствие потребно за откривање на кривичното дело и откривање и гонење на неговиот сторител за кое со закон е овластено Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа“.

Пред два дена, обвинителката Кадриу беше на терен кај селото Синичане и побара, полицијата да се повлече од терен. Таа вечерта дури имаше телефонски разговор со техничкиот премиер Оливер Спасовски, за кој тврдеше дека телефонски и порачал дека е криминалец, тврдење кое го негираше Спасовски. Од МВР посочија дека полицијата на терен е единствено од безбедносни причини за да спречи конфронтација помеѓу жителите на Синичане и Урвиќ околу изградба на локален водовод.

Исто така наведоа дека обвинителката може да им дава наредби само кога има постапка, а не кога се работи за одржување на безбедноста. Жителите на двете села во падините на Шар Планина се во конфликт поради водоснабдување и ексклузивноста на извор од кој треба да се обезбеди вода за пиење.

Извор: Аслат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This