НАМЕСТО ДА ОТВОРИ КАЈ НАС: Заев ќе присуствува утре на отварање на автопатот на Коридор 10 низ Србија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев ќе присуствува утре на отварање на автопатот на Коридор 10 низ Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека на утрешното отворање на јужниот крак на автопатот на Коридор 10 низ Србија ќе присуствува и премиерот на Македонија, Зоран Заев.

– Милам дека пристигнувањето на Заев е важна вест и го покажува значењето на Коридорот 10, истакна Вучиќ во утринската програма на РТС, додавајќи дека од Белград до Македонија сега ќе се стигнува за три часа.

Тој потсети дека на делницата на автопатот преку Грделичка клисура од 26,3 километри, претходеше отворањето на делницата од Грабовница до Грделица од 5,6 километри, потоа Владичин Хан – Врање од 28 километри, Левосоје – Српска куќа од 10 километри.

– Тоа беа нajтешки делници. Тоа сега изгледа величенствено, но кога работите вредно и посветено, резултатите се евидентни, нагласи Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This