НАМЕСТО ДА РАБОТИ, ТОЈ ОДБИРАЛ ЏИПОВИ: Продолжува расипништвото во ДБКИ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не престанува расипништвото и луксузирањето на функционерите на Зоран Заев на грбот на граѓаните. Како што веќе еднаш пишувавме, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, одлучил дека за да ги врши своите службени обврски, морал да се вози во џип којшто не смее да биде поефтин од 20.000 евра.

Од извори од Дирекцијата, неофицијално дознаваме дека директорот вршел притисок врз претседателот и членовите на Комисијата за јавни набавки, како знаат и умеат да ја направат спецификацијата за набавка на ново возило да одговара на еден модел на џип, кој на Славески најмногу му се допаѓал, а тоа е Hyundai Tucson.

Исто така, дознавме дека првиот обид за набавка на вакво возило пропаднал, бидејќи членовите на Комисијата за јавни набавки во Дирекцијата во последен момент сфатиле дека не сакаат да ризикуваат заради комодитетот на директорот, па поради технички причини во последен момент е поништен конкурсот. Овојпат, тие добиле јасни инструкции дека возилото кое ќе се купи мора да биде Hyundai Tucson, и ништо друго.

Останува да ја следиме оваа набавка до крај и да видиме дали навистина возилото со кое ќе се поднови Дирекцијата и Славески ќе биде Hyundai и дали станува збор на наместен тендер. Славески важи за кадар близок на Шеќеринска, и стана познат на јавноста кога незакоснки вработуваше лица во ДБКИ без безбедносни сертификати, а и издаваше сертификати на безбедносно сомнителни лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This