April 25, 2024, 12:16 am

НАМЕСТО ИДНИНА, СЕ ВРАТИВМЕ 100 ГОДИНИ: Бугарскиот национализм жив благодарение на Заев – Бугарија по 95 години ќе печати книга за бугарски книжевници од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и новата влада на СДСМ го оживуваат бугарскиот национализам. После 95 години се препечатува книга за бугарски книжевници од Македонија


Две недели по потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија со која двете страни се обврзаа да не се провоцираат, агенцијата „Фокус“ објавува реиздание на книгата на Антон Поп Стоилов „Бугарски книжевници от Македонија, печатена во 1922 во Софија.

Непровоцирањето очигледно е обврска само за Македонија, но не и за бугарија. Во книгата се поместени информации за сите „Бугарски книжевници“ кои што се родени и твореле во Македонија од 1704 до 1878 година.

Меѓу нив се: Христифор Жефаровиќ, Неофит Рилски, Рајко Жинзифов, Георги Динков, браќата Миладиновци, Кузман А. Шапкарев и други помалку познати автори.

„Пред нас излегуваат такви светли личности кои што треба да бидат најблиску до срцето на секој Бугарин особено на Бугарите од Македонија. Тоа не е само од почит кон нив туку и за поука на денешното поколение чија што должност е до крај да го спроведе започнатото нивно дело. Правот на нивните гробови ќе ни донесе проклетство нам ако не го продолжиме нивното дело. Секој Бугарин особено на тие од Македонија да не ја заборават мислата како да ги отргнат нивните браќа од ропството на Грците и Србите кои што ги зафати во 1913 година“, се вели во предговорот на книгата на Поп Стоилов.

Ваквата постапка на Софија, покажува дека само за нас ќе важи и ревидирање учебници, со што Бугарија ќе може да ја уценува Македонија за влез во ЕУ. Токму за ова пред неколку дена предупреди ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Член 8 од македонско – бугарскиот договор за добрососедство, што утврдува дека во рок од 3 месеци од влегувањето во сила на договорот, договорните страни ќе формираат заедничка експертска историско образовна комисија.

-Во таков случај договорот и посебно оваа историско образовна комисија бугарската страна ќе може да ја користи за да отвора непостоечки или контраверзни прашања и нивното не решавање да го претставува како предуслов или доказ за нивно легално блокирање на македонските евро-атлански аспирации. Не менувањето на еден учебник од македонското образование според теркот на Божидар Димитров или слични националисти од Бугарија è отворање или затворање на поглавје од страна на Македонија со ЕУ, изјави Милошоски на прес0конференција.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This