Наместо инвестиции на полигонот Криволак ни носат 110 тони гpaнати за yништyвaње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Општина Неготино, особено жителите на Криволак и Пепелиште, загрижени за своето здравје реагираат на најавата за уништување на 110 тони гранатите на воениот полигон во Криволак, објави порталот Дума.

Како што објави Дума, голема вознемиреност кај граѓаните на Неготино предизвика најавата на Беким Максути од Дирекцијата за заштита и спасување, кој за медиумите рече дека во договор со Министерството за одбрана, гранатите пронајдени во Битола ќе се уништуваат на воениот полигон во Криволак.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се работи за вкупно 110 тона односно 12.300 артилериски гранати со експлозивен материјал, кои датираат од Првата светска војна.

– Во сезона на огромна аерозагаденост уништувањето на 110 тони гранати дополнително ќе го загади воздухот во Вардарскиот регион, реагираат од Здружението на граѓани „ЕкоВита“ од Неготино.

Наместо нови инвестиции во Неготино се носи опасен отпад, односно експлозивен материјал, реагираат екологистите.

– Она што дополнително загрижува е составот на гранатите, кој е непознат и сомнителен. Согласно Архуската конвенција, кога се работи за заштита на животната средина, граѓаните мора да бидат информирани и вклучени во целиот процес, бидејќи овде се работи и за нивното основно фундаментално право, правото на здравје. Нашиот град стана синоним на опасна депонија наместо квалитетно вино и грозје и тоа мора да се смени,велат од здружението ЕкоВита од Неготино.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This