Врнежи од снег ја зафатија Македонија рано изутринава околу 03.00 часот по полноќ, со снежни наноси кои нанесоа околу 10цм нова снежна покривка за само неколку часа во Маврово и на Попова Шапка
Снег паѓа и во западниот дел на Македонија, а бела покрива го покри и Скопје.
Температурата во главниот град се движи околу 0 степени целзиусови, со силина на ветрот од максимални 6 км/час.
Европскиот Метеоаларм издаде и жолто предупредување за Македонија, со назнака за внимание од појава на мраз на патиштата, но и засилен ветер и зголемени врнежи од снег.
Според Акуведер.ком, до петок се очекува на планините да наврне околу 40цм снежен нанос.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.