НАМЕСТО СО ЖЕЛЕЗНИЦА, ЦЕЛА ПЛАНИНА ЗГУРА ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ: Дали некој намерно ја исфрла железница од овој бизнис, со цел лично дебело да профитира?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Став на комисијата: НАМЕСТО СО ЖЕЛЕЗНИЦА, ЦЕЛА ПЛАНИНА ЗГУРА ЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ

Конечно после долго време, таложената депонија од згура од топилницата во Велес ќе се отстранува. Според најавите, згурата во која има пм10 честички, олово и цинк, се планира да се транспортира до пристаништето во Солун, а потоа со брод до Малезија. Бидејќи се работи за милиони тони згура, најавено е отстранувањето да трае цели 4 години.

Секој ваков транспорт во европските држави, од еколошки и финансиски аспект, се врши со железница, само кај нас согласно најавите се планира да се врши со камиони. Треба да се потенцира, дека се работи за милиони тони згура која наредните 4 години ќе се превезува со камиони по македонските автопатишта. Се работи за тешки камиони кои континуирано ќе ги оштетуваат патиштата и ќе ја загрозуваат животната средина.

Од друга страна пак, Македонски железници кубурат за работа и мака мачат како да скрпат крај со крај. Наместо да добијат гарантирана работа за следните 4 години, а со тоа да се заштитат патиштата и да се зачува животната средина, институциите раководени од СДСМ дозволуваат некој дебело да се офајди од овој транспорт.

Тука е и фабриката за шински возила КОЛСКА од Велес која би добила работа околу одржување на вагоните и би ги решила проблемите околу обезбедување плата за вработените.

Не се точни тврдењата дека не можат да се најдат вагони за ваков тип на транспорт. Ако Македонски железници немаат вакви вагони, специјални вагони за ваков транспорт во секое време може да се изнајмат од другите европски железници. Не веруваме дека надлежните во Владата на СДСМ не го знаат ова, па легитимно се поставува следното прашање:

Дали некој намерно ја исфрла железница од овој бизнис, со цел лично дебело да профитира?

Со ова се докажува дека СДСМ нема намера да ја развива железницата. Лажни биле ветувањата дека ќе се инвестира во развој на железничкиот превоз во државава. Со вакви потези се покажува спротивното, дека на СДСМ не и треба железница и истата најверојатно ја подготвуваат за продажба како нивни нов “бонбона бизнис“.

Но, се ближи времето за одговорност. Ќе има одговорност за сите уништувачки политики. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне големата обнова на железниците во Македонија.

#ОбноваНаМакедонија #ПредвремемиПарламентарниИзбори

https://www.facebook.com/urbanizammk/photos/a.121849172513473/139455810752809/?type=3&theater

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This