НАМЕСТО СО РЕШЕНИЈА: Филипче со препораки – Јадете храна која содржи антиоксиданси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство како активност која ја презема во превенција од аерозагадувањето денеска ќе распише јавна набавка на 50.000 заштитни маски, кои ќе ги прикриваат носот и устата и ќе ги филтрираат загадените честички, а ќе бидат бесплатно дадени на хронично болните лица

Кога концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот е над 100 микрограми на метар кубен во два последователни дена треба да се ограничи движењето и активностите на отворен простор посебно на децата, хронично болните, на пациентите со кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, на тие преживеале мозочен удар и сите кои професионалниот ангажман го извршуаат на отворен простор. Граѓаните треба да јадат храна која содржи антиоксиданси, зеленчук и овошје, а хронично болните редовно треба да ја земаат препишаната терапија.

Овие мерки денеска ги посочи министерот за здравство Филипче на прес-конференција.

Свесни сме дека овој проблем се провлекува со години. Во текот на зимските месеци има огромна загаденост на воздухот посебно во некои градови и при тоа се погодени некои ризични групи. Доколку концентрацијата на ПМ честичките во воздухот надмине 200 микрограми на метар кубен ќе излеземе со дополнителни мерки, а во смисла на ослободување од работните обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронични болести, пред се белодробни заболувања, астма, лицата со преживеан миокарден инфаркт или мозочен удар и без оглед на возраста ќе дојде во предвид и реорганизирање на работното време, рече Филипче.

Министерството за здравство како активност која ја презема во превенција од аерозагадувањето денеска ќе распише јавна набавка на 50.000 заштитни маски, кои ќе ги прикриваат носот и устата и ќе ги филтрираат загадените честички, а ќе бидат бесплатно дадени на хронично болните лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This