Нам ни треба огромен инвестициски бyм, тоа ќе го донесе обнова

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интервју за „Радио слободна Европа” имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што посочи дека во програмата „Обнова на Македонија” се што е пишано ќе се реализира. И преку мерките предвидени во Македонија ќе се стабилизира економијата.

„Доколку ме прашувате за методологијата и начинот на кој што ние ќе дојдеме и тоа сет на политики,тоа не е само бројка која што е напишана на хартија, и сега ние за таа бројка треба да ја споменуваме и да ја повторуваме секаде на настаните и митинзите. Тоа е сет на политики кои што не само во економијата, туку треба да бидат поврзани и со правосудството, односно реформите сериозни во правосудството за да може на тој начин инвеститорите без разлика дали се тие домашни или странски, да се чувствуваат сигурни да дојдат и да инвестираат во Македонија”, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека е потребен процес на реиндустрализација. За тој процес се има многу посветено во програмата за „Обнова на Македонија”. Тоа е стимулирање на извозно ориентирани компании, кои што ќе извезуваат надвор од Македонија.

„Носење на инвеститори со голема додадена вредност односно инвеститори кои што ќе инвестираат во Македонија и на тој начин ќе ги зголемиме странските инвестиции според методологија која што е опишана во нашата програма. Робусна реализација на капиталните инвестиции тоа е нешто што го зборував и сега кога требаше да се предлагаат мерки за справување со економската криза и ублажување практично на падот на БДП, но за жал не бев во тој момент послушан. Робусна реализација на капитални инвестиции на ниво минимум од 90-тина проценти од тоа што е предвидено. Така што ценам дека сето она кое што е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и тој сет на мерки можат нескромно да кажам дека ќе донесат минимум раст од 4.5% на годишно ниво, бидејќи економистите знаете што велат никакви мерки да не правите, ништо да не правите, само да го ставите системот по инерција, без било какви „disturbance” што викаат во економијата”, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има и нуди надежна, прецизна и точна програма. Сите сугестии на стопанските комори се преточија во пасуси кои што се наоѓаат во програмата, во економскиот дел.
„И можам да кажам дека врз основа на целата таа навигација, но и врз основа на анализите кои што се присутни на светско ниво ние дојдовме до овие бројки, и сме прилично уверени дека тоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ реализирајќи ги сите овие сет на мерки може да го реализира. И ние стоиме со нашиот потпис и затоа велиме дека се обврзуваме. Ние не излегуваме на овие избори да пишуваме бројки и потоа да ја веднеме главата, да се срамиме и да бараме изговори зошто тие бројки не сме ги реализирале”, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека зад програмата ВМРО-ДПМНЕ стои со својот личен идентитет и дека тие бројки пишани внатре ќе се реализираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This