НАПАДИТЕ ВО СИРИЈА БЕЗ ОСНОВА: Русија тврди дека имаат неоспорни докази дека во Сирија немало хемиски напад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија има непобитни докази дека не се случил инцидентот со употребата на хемиско оружје во сирискиот град Дума, и дека за оваа провокација се одговорни специјалните служби на Велика Британија, изјави постојаниот претставник на Русија во Меѓународната организација за хемиско оружје Александар Шулгин.

Тој рече дека за време на истрагата, не се пронајдени докази што би укажале дека хемиското оружје се користело во Дума.

“Нема сведоци, ниту едно труење не е забележано. Немаше остатоци од хемиско оружје “, вели тој.

Во исто време, рускиот дипломат рече дека пронашле снимки, кои потоа биле користени за исценирање на хемискиот напад.

“На телевизиите им се испратени лажни интервјуа со овие луѓе и двајцата се медицински работници кои се вработени во ургентниот центар во болницата во Дума”, објаснува Шулгин, додавајќи дека целата оваа кампања дизајниран од страна на британската служба со можно учество на службите на САД.

“Ние не може со апсолутна сигурност да тврдиме, како нашите западни партнери, но ние имаме неспорен доказ дека на 7 април во Думата не се користило хемиско оружје. Сето тоа е провокација за погрешно да се наведе светот и да се оправда агресијата против Сирија “, заклучи тој.

САД, Франција и Велика Британија во сабота наутро извршија ракетен напад врз сириските владини згради, кои, според нивното тврдење биле користени за производство на хемиско оружје.

За време на воената операција, повеќе од 100 ракети беа лансирани во Сирија, од кои 71 беа неутрализирани од страна на сириските сили за воздушна одбрана. Руските сили не беа вклучени во против ракетната одбрана, но ги следеа сите лансирани проектили.

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече воената операција на Западните сили агресија против суверена држава, потсетувајќи дека хемискиот напад во Сирија не е потврден

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This