April 26, 2024, 11:44 pm

НАПАДНАТ МИНИСТЕРОТ ДАМЈАН МАНЧЕВСКИ: Целиот бил во модринки и гребаници – го нападнале чавки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за информатичко општество и администрација дамјан Манчевски неколку денови исчезна од јавната сцвена во Република Македонија без соодветно образложение. Недостасуваше на бројните сликања, трибини, панели и средби кои ги имаа неговите сопартијци.


Инфомакс дознава дека Манчевски се повлекол заради тоа што имал сериозни повреди на лицето и главата. Бројни модринки и гребаници околу очите, носот и челото на Манчевски можеле да забележат неговите најблиски. Според информациите до кои дојдовме, министерот Манчевски побарал и помош во една од скопските болници по што со неколку преврски бил упатен на домашно лекување.

Од страна на МВР нема никакви информации дали тој бил цел на напад и кој би можело да стои зад нападот, а нема ниту шпекулации околу евентуалните мотиви.
Засега единствената верзија која што кружи во јавноста, а која е искажана токму од самиот Манчевски е дека тој бил нападнат од чавки. Ни помалку , ни повеќе, според исказот на манчевски птиците го нападнале во училишниот двор каде што ги земал своите деца.

Потврда и за оваа информација нема, а дали во Скопје се снимало ново продолжение од фимот „Птици“ на Алфред Хичкок , останува да видиме.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This