НАПАДНАТ ОСОМНИЧЕН ЗА ТЕПАЊЕТО НА СЕЛА: Коста Делов, бил нападнат од затвореник во затворот „Шутка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коста Делов, еден од осомничените за нападот врз Зијадин Села за време на настаните од 27 април во македонскиото Собрание, бил нападнат во притворскиот дел од затворот „Шутка”. Инцидентот за Сител го потврдија и од Управата за извршување на санкции, јавува Сител.

Ова е втор напад врз некој од осомничените за тепањето на лидерот на АА, откако претходно истото го снајде и Кире Георгиевски.

Во меѓувреме продолжува судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Во кривичниот суд денеска сведочеше Александар Јаневски – Тошта, еден од 10 мината обвинети за тепањето.

Изјави дека од надлежните во Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор каде што бил вработен, добил наредба да ги чува новинарите за време на протестите на Заедничка Македонија. Наредбата му ја дал управителот од Кочани.

Тој сведочеше дека во прес салата се симнал по барање на пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев, кој го викнал на помш за да ги одбранат нападнатите пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This