НАПАДНАТ ПОЛИЦАЕЦ ВО ПРОБИШТИП: Светиниколчанец тепал и гризел полицаец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синоќа околу 20.30 часот на ул. „Ќикевачка“ во Свети Николе, Ј.А. (45) од Пробиштип физички нападнал полициски службеник.

Во наведеното време двајца полициски службеници отишле на местото по пријава за физички напад од страна на Ј.А. врз лицата З.М. и М.М од Свети Николе. Кога пристигнале на местото, полициските службеници му наредиле на Ј.А. да се оддалечи од дворот на З.М. Тој не ги послушал и продолжил да вика и да упатува закани по животот кон едниот полициски службеник. Кога се обиделе да го приведат, Ј.А. физички го нападнал едниот полициски службеник, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, а го гризнал два пати во пределот на десната рака.

Откако дошло засилување, Ј.А. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Јавната здравствена установа Свети Николе. За настанот бил запознаен Јавен обвинител.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This