НАПАДНАТ СНИМАТЕЛОТ НА РТС: Неколку пати крвнички ме удираа додека лежев на земја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владимир Милиќ го нападнале специјалците на Косовската полиција објаснува за порталот на РТС како изгледал нападот.

 

Снимателот на РТС на почетокот на акцијата пред дворот на зградата на Марко Ѓуриќ се наоѓал помеѓу луѓето кои се насобрале пред влезот на зградата и припадниците на косовската полиција.

“Со првиот пепер спреј полицаецот  ме испрска мене по лицето“, истакнува Милиќ

Како  што наведува, тогаш почнаа да  паѓаат шок бомби, кога масата се разбега, полицијата влезе во зградата, а тој тргна по нив.

“Почнав да снимам што се случува. Во аголот беше Марко Ѓуриќ. Групата полицајци со оружје тргна кон него и јас тргнав со нив“-наведува Милиќ.

Додава дека еден од полицајците се свртел и кога го здогледал, почнал да ги фрла стативите и камерите.

“Почувствував удар и потоаполицаецот ми ја скрши камерата . Јас бев долу. Неколку пати крвнички ме удираа, не знам со што. Додека бев на земја, буквално човекот(полицаецот) ме однесе на страна и уште неколку пати шутираше на мене и на камерата.“ објаснува Милиќ.

На снимателот му е укажана прва помош во санитарното возило, а покасно е префрлен во болница.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This