НАПАД СО НОЖ, ЗАПАЛЕНИ АВТОМОБИЛИ, ПУКАЊЕ: По само 24 часа од завршување на изборите, хаос!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Напад со нож, запален автомобил, пукање со огнено оружје се случија за само 24 часа по завршување на изборниот ден. Ова е животот кој го ветуваше СДС. Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето. Надлежните институции треба веднаш да реагираат и да го расветлат целиот случај во најбрз можен рок. Физички напад врз политички опонент е напад врз демократијата, слободната мисла и правната држава и како таков мора да биде санкциониран. Запален автомобил на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче само неколку часа по завршувањето на изборите. Се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Аздисаноста на криминалните структури блиски до СДС по изборите не запира, од медиумите видовме фотографии како двајца активисти на партијата се сликале со пиштоли пред штабот на партијата во Бутел. Според информациите објавени во медиумите активистите на СДС во Бутел во неделата вечер пукале со пиштоли и создавале хаос низ Бутел, велат од партијата. Oва се само неколку примери кои се видео и аудио документирани. Потенцира во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните имаат шанса да го казнат СДС и да ја ослободат државата од криминално-бандитските структури, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This