НАПАЃАЧОТ СЕ СПРЕМАЛ ЗА ЦЕЛОВЕЧЕРЕН ПОХОД: Преку десет парчиња оружје пронајдени во апартманот на напаѓачот од Лас Вегас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 50 луѓе загинаа, а 406 лица побарале лекарска помош по масакрот на музичкиот фестивал во Лас Вегас.

Полицијата потврди дека напаѓачот е 64-годишниот Стивен Педок, кој се самоуби пред специјалците да упаднат во собата на 32. кат од хотелот Менделеј Беј. Во собата се пронајдени десетина парчиња оружје.

Напаѓачот во Лас Вегас имал значителна предност со оглед на тоа дека бил поставен високо над жртвите. Со 30.000 луѓе, притиснати во мал простор… тој требал само да цели во центарот и да го притисне орозот, изјави за Си-Ен-Ен специјалниот агент на ФБИ во пензија Џејмс Галијано.

Педок живеел во пензионерска населба и немал досие, а и никогаш не направил сообраќаен прекршок.

Полицијата се уште трага по жената Марил Денли, која била со него во соба, а се претпоставува дека во моментот на нападот била во казино.

Австралиските медиуми јавија дека 62-годишната Денли иако пред 20 години се доселила во САД, таа го задржала австралиското државјанство.

Мотивите за нападот се ште не се познати.

Претставник на американската Служба за внатрешна безбедност изјави дека засега не постојат информациии кои би укажале „кридибилна закана“ за други јавни места во САД.

https://www.youtube.com/watch?v=s3HSNQ9zHRM

 

 

https://www.youtube.com/watch?v=B7ixInjs0C4

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This