НАПАЃАЧ НА СУДИИ СТАНА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ: Уште едно „шарено“ другарче на Заев стана негов советник – овој пат човек кој напаѓаше судии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев, денес по завршувањето на судското рочиште потврди дека во многубројниот тим на советници собрани околу него е и судскиот службеник Горан Стаменковски, кој како што објасни премиерот е ангажиран како надворешен соработник за социјална политика кој може многу да помогне во социјалните аспекти во државата и затоа му е дадено тоа место.

Заев посочи дека Стаменковски е административно лице во Судот и нема одлучувачка позиција, бидејќи не е ниту судија, ниту поротник.

– Стаменковски по образованието што го има во делот на социјалната политика има намера да излезе од Судот и затоа е ангажиран како советник и верувам дека некогаш ќе работи на својата професија. Тој не е одлучувачко, туку административно лице во Судот и нема одлучувачка позиција, рече Заев.

Премиерот додаде дека со Стаменковски се запознал за време на Шарената револуција и бидејќи неколку пати бил сликан до него на протестите имал непријатни моменти од поранешниот претседател на Судот.

– Неговиот пекол почна кога се појавија слики со мене од Шарената револуција, каде што тој како граѓанин и јас како политичар протестираме по улиците во Скопје и оттогаш се сите негови измачувања, како што самиот кажува. Јас му верувам и од тогаш станавме пријатели, рече Заев по денешното рочишта за „Поткуп“.

Горан Стаменковски беше во фокусот на јавноста поради судирот со поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Стаменковски го тужеше Панчевски за мобинг. Пресудата беше во корист на Стаменковски.

Инаку, Стаменковски во минатото го нападна Панчевски и му се закануваше.

Во почетокот на годината, Стаменковски упаднал во судницата на Панчевски по што морала да интервенира и полицијата. Бил известен и дежурен обвинител, од каде било добиено известување дека нападнатиот судија може да го гони напаѓачот по приватна тужба, иако нападот е во судница во службени простории на судија.

-Додека бев во судница, влезе Горан Стаменковски, вработен како раководител во Кривичниот суд, и почна да ми се заканува. Извикуваше дека ќе сум видел што ќе ме снашло, а почна да изговара и вулгарности, споменувајќи ја во тој контекст мојата сопруга, изјави тогаш нападнатиот Панчевски.

Во минатата година, Стаменковски беше пријавен и за физички напад врз вработено во судот, исто така во канцеларија на судија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This