March 28, 2024, 10:44 am

НАПОЛНЕТЕ ГИ РЕЗЕРВОАРИТЕ: Нови цени на гoривaтa од полноќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторна Комисија за Енергетика одлучи повторно по празниците да ја зголеми цената на гoривата во Македонија.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,12%. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,078 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 15.04.2019 година и со тоа цената на мазyтот М-1 НС изнесува 34,377 ден/кг.

Овие цени важат две недели од одлуката, од ноќеска на полноќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This